Во согласност со генералниот процес на децентрализација во Република Македонија, еден од клучните димензии е и фискалната децентрализација, т.е. фискална автономија во надлежноста на локалните самоуправи.
Освен трансферите од буџетот на централната влада, кои следуваат во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), и дел од другите закони и пратечка регулатива им овозможуваат на ЕЛС финансиска автономија и во одредувањето на висината на следниве даноци и давачки на локално ниво:
- Даноци на недвижен имот, поклон и наследство (Закон за даноци на имот)
- Комунални такси за приклучување и користење на сите видови на комуналната инфраструктура (Закон за комуналните такси), и
- Административни такси (Закон за измени на законот за административни такси)
За увозни репроматеријали, опрема и градежни материјали, не се плаќа царина и данок на додадена вредност.
Висината на локално дефинираните даноци и давачки, ефикасноста во нивното дефинирање и издавање дозволи и документација за старт на нови бизниси, како и проширување на дејноста или обемот на постоечките бизниси (фирми) се еден од клучните фактори на поволниот бизнис амбиент во Град Скопје.
Во следните две табели можете да ги проверите даночните и царинските стапки:
Даночни стапки
Даноци | Даночни стапки | |
ТИРЗ | Надвор од ТИРЗ | |
Данок на добивка | 0% за првите 10 години | 10% |
Персонален данок на доход | 0% за првите 10 години | 10% |
Данок на додадена вредност | 0% | 18% |
Данок на имот | 0% | 0.1% – 0.2% |
Акцизи | 0% | 5% – 62% |
Царински стапки
Производ | Царински стапки | |
ТИРЗ | Надвор од ТИРЗ | |
Репроматеријали | 0% | Up to 15% |
Опрема | 0% | 5% – 20% |