Република Македонија и особено Скопје како главен град, располага со образована, високо квалификувана и етичка работна сила која е достапна на инвеститорите. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2015 изнесува 32 309 денари, односно 527 евра (оваа сума вклучува: нето плата, персонален данок и социјалните придонеси за пензиско и здравствено осигурување). Минималната плата за секоја професија се дефинира со колективни договори.
Стандардите за образование на високообразовните техничи институции се исти како и од западноевропските држави. Работниците го поддржуваат континураното образование и
доживотно учење и успешно ги завршуваат стручните обуки. Владата исто така го поддржува процесот на континуирана обука на работната сила со што им помага на инвеститорите.
Неодамна усвоениот Закон за работни односи, подготвен во согласност со стандардите на Европската Унија, овозможува услови за поголема флексибилност и нуди можности за различни и флексибилни договори како и флексибилно работно време. Исто така, реформите во оваа област опфаќаат воведување на тренинг програми, поддршка на претприемништвото како и воопшто подобрување на бизнис климата во државата.
Колективните договори, склучени на ниво на држава ги регулираат правата за вработување, како и обврските и одговорностите на вработувачите и вработените.
Со законот за вработување и работа на странци се регулира вработувањето на странски државјани во Република Македонија. Според одредбите на овој закон, странски државјани или лица без националност може да бидат вработени во Македонија по обезбедување на дозвола за работа. Агенцијата за вработување на Република Македонија ја издава работната дозвола по доставување на барање од вработувачот.