Гасовод
Гасоводниот систем, со капацитет од 800 милиони m³ годишно, е дел од Коридорот 8. Должината на магистралниот гасовод е околу 98 km, и се протега од границата со Бугарија до Скопје. Веќе воспоставената дистрибутивна мрежа е со должина од 26 км, мрежата во градот е долга 31,5 километри.
Планираниот развој на целата гасоводна мрежа во Република Македонија се фокусира на изградба на нови објекти за производство на електрична и/или топлинска енергија, вклучувајќи директно снабдување до потенцијалните потрошувачи, како и надградба на целата гасоводна мрежа во регионот и пошироко.
Нафтовод
Нафтоводот Солун (Грција) – Скопје (Македонија) со должина од 212,6 км се користи за транспорт на сурова нафта од пристаништето во Солун до скопската рафинерија. Нафтоводот е изграден во 2002 година долж Коридорот 10 и е со капацитет од 360 m³ /h, односно 2,5 милиони тони годишно.