Патна инфраструктура

          Република Македонија се одликува со добро развиена патна мрежа во вкупна должина од 14.199 km, вклучувајќи автопатишта, магистрални, регионални и локални патишта. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор VIII (исток – запад) и Коридор X (север – југ). Државата континуирано инвестира во патната инфраструктура во согласност со Националната транспортна стратегија, подготвен од страна на Министерството за транспорт и врски, со помош на ЕУ. Нови проекти и одржувањето на мрежата се врши во согласност со годишната програма за јавни инвестиции.

          Согласно важечката легислатива, Јавното претпријатие за државни патишта е орган одговорен за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта во Република Македонија. Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.199 km, од кои 259 km се класифицирани како автопатишта, 908 km се магистрални патишта, 3.778 km регионални, 553 km меѓународни патишта, а 9.513 km се локални патишта.

          Како во другите земји, така и во Република Македонија, патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници. Во структурата на превозот на стока која се транспортира по патиштата низ Република Македонија, националниот превоз доминира над меѓународниот и транзитниот превоз. Исто така, патниот превоз доминира над железничкиот превоз.

          Патната мрежа во Скопскиот регион ја сочинуваат: магистралните, регионалните и локалните патишта. Магистралните и регионалните патишта имаат вкупна должина од 361,46 км од кои 339,74 се асфалтирани, 5,17 км се со макадамска коловозна конструкција, а останатите 16,55 километри се со земјена подлога или се непробиени патишта.

          Во однос на инфраструктурата, градот Скопје се наоѓа на оската на еден од најзначајните меѓународни сообраќајни и комуникациски коридори, Пан-европскиот Коридор 10 (север-југ).

          Во табелата е даден преглед на растојанието и цените за транспорт од Град Скопје до различни дестинации во регионот и Европа.

Табела 10 Растојание и цени за транспорт на 20 тонски шлепер од Скопје

Дестинација Растојание (km) Часови Граници Од Скопје ЕУР
Крагуевац, Србија 320 6 1 670
Питести, Романија 730 8 2 1,050
Будимпешта, Унгарија 800 11 2 1,000
Гебзе, Турција 850 12 2 1,100
Љубљана/Ново Место, Словенија 950 15 3 1,000
Виена, Австрија 1,200 14 2 1,250
Острава, Чешка 1,300 16 2 1,550
Минхен, Германија 1,370 17 2 1,350
Аксарај, Турција 1,470 18 2 1,600
Милано, Италија 1,500 19 3 1,350
Штутгард, Германија 1,600 19 2 1,450
Франкфурт, Германија 1,700 20 2 1,500
Келн., Германија 1,900 24 2 1,550
Батили, Франција 2,000 26 2 1,700

 Статистички годишник на Република Македонија, 2015 година