Телекомуникации

          Телекомуникацискиот сектор во Македонија важи за еден од најлиберализираните. Во моментот, фиксни телефонски услуги се нудат од 8 компании, додека мобилната телефонија е во континуиран развој. Присуството на 3 мобилни оператори гарантира квалитет и достапност на услугите. Македонија ги следи светските трендови во развојот на интернет комуникациите и овозможува лесен и брз пристап до интернет преку голем број на интернет-провајдери.

          За обезбедување на телекомуникациските услуги и за реализација на телефонски приклучоци на територијата на Град Скопје постои развиена современа телекомуникациска мрежа. Мобилната мрежа на територијата на градот во целост е покриена од сите мобилни оператори, воедно постои достапност до интернет конекцијата (кабелска, ISDN, wireless) на целата територија.