Во случај на пресметка за гринфилд инвестиција, цената на купувањето на земјиште се движи од 1 EUR / м2 во руралните области до 1000 Еур/м2 m при купување од приватни сопственици, во зависност од локацијата и видот на инвестицијата. Во случај на општинска или државна сопственост на земјиштето цената на наддавање започнува од 1 Еур/м2. Инвеститорот мора да плати такси за поврзување на комуналната инфраструктура и снабдување со вода.
Табела 11. Надомест за уредување на градежно земјиште / изразено во евра/м2
Општина | Зона | Стамбен простор | Деловен простор |
Град Скопје | 1 (Центар, Карпош, дел К.Вода, дел Аеродром | 129 | 153 |
2 (дел К.Вода, дел Аеродром, дел Г.Баба, дел Чаир) | 113 | 137 | |
3 (дел Г.Баба, дел Чаир) | 100 | 113 | |
4 (дел Д.Петров, Шуто Оризари, дел Бутел | 93 | 97 | |
Бутел | приградски | 2,5 | 10 |
Ѓорче Петров | приградски | 10 | 15 |
Сарај | 1 Раовиќ, Паничар | 0 | 0 |
2 Бојане, Копаница, Семениште, Буковиќ, Горна Матка, Дорце, Горно Свиларе | 5 | 8 | |
3 Шишево, Глумово, Крушопек, Грчец, Рашче, Радуша, Долно Свиларе | 8 | 11 | |
4 Сарај, Љубин, Кондово | 10 | 15,5 |
*Извор: Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот.
Трошоците за закуп на деловен простор во Скопје се движат од 10 ЕУР – 12 ЕУР за м2 на месечно ниво, зависно од видот на објектот и локацијата на просторот.
Табела 12 Цена на објекти во Град Скопје
Намена/Општина (цени во ЕУР/м2) | Карпош | Центар | Аеродром | Кисела Вода |
Домување | 97.6 | 97.6 | 65 | 65 |
Стамбен простор | 130.08 | 130.08 | 55.28 | 55.28 |
Комерцијални и деловни центри | 97.6 | 90 | 81.3 | 73.2 |
Производни објекти/хали | 1 | 1 | 1 | 1 |
Јавни објекти | 22.8 | 22.8 | 19.5 | 19.5 |
Спорт и разонода | 71.54 | 71.54 | 24.70 | 20.80 |
Инфраструктурни објекти | 71.54 | 71.54 | 52 | 42.28 |