Македонија е земја без излез на море. Пристапот до соседните пристаништа е овозможен преку патиштата и железничките врски.
Најблиските пристаништа се наоѓаат во Солун, на околу 100 километри од грчкиот граничен премин во Гевгелија, и во Драч, на околу 150 километри од границата со Албанија на преминот во Струга.
Превоз на патници со помали бродови со 25-150 седишта се одвива на Охридското Езеро.