Аеродроми

          Во Република Македонија постојат два меѓународни аеродроми: во Скопје и Охрид.  Преку овие аеродроми Македонија, и Градот Скопје се поврзани со директни редовни врски со неколку поголеми транспортни центри во Европа: Лондон, Виена, Рим, Цирих, Дизелдорф, Прага, Будимпешта, Љубљана, Загреб, Белград, Истамбул и др. Турската компанија “TAV” е новиот оператор и менаџер на македонскиот аеродромски систем од 2008 година, по добивањето на право на 20-годишна концесија од македонската влада. Според договорот за концесија, “TAV” има обврска да ги модернизира двата меѓународни аеродроми Александар Велики во Скопје и Свети Павле во Охрид, како и да изгради нов карго-аеродром во Штип.

За градот Скопје од огромно значење е близината на аеродромот Александар Велики кој се наоѓа на растојание од само 20 км.

Аеродромот Александар Велики покрај превозот на патници, ги нуди и следните услуги:

  • Прифат и отпрема на пратки за патнички авиони
  • Прифат и отпрема на пратки за карго авиони
  •  Камионски транспортни услуги (RFS) за авионски или други пратки

Сите активности се одвиваат во согласност со стандардите на IATA.

  • Прифат и отпрема на пратки и пошта
  • Прифат и отпрема на специјални пратки (DG, VAL, AVI и др.)
  • Подготовка на документи
  • Рентгенска контрола на стоките
  • Царинска контрола
  • Гранична инспекција
  • Сервисирање на транзитни пратки со камион/авион
  • Други услуги по претходен договор

Карго центарот дава логистичка поддршка пред и по авиотраспортот (landside handling):

  •  Подготовка на пратки за авиотранспорт
  • Царинско складирање
  • Препакување на стоки