Енергија

          Во градот Скопје и воопшто во Македонија постои широко разгранета мрежа за дистрибуција и снабдување со електрична енергија. EВН Македонија е компанијата која врши дистрибуција и снабдување со електрична енергија.

          На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN.  Развојот на енергетскиот сектор е приоритет во Македонија, особено земајќи ги во предвид фактот дека 70% од технички достапниот хидропотенцијал е отворен за сегашните и идните инвеститори.